Дечко на eBay си ја продава „користената“ девојка


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Дејл Ликс на својот eBay профил објави оглас во кој ја огласува за продажба својата девојка, но деталниот опис на „производот“ предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

Дејл очигледно се обиде да си ја разбие досадата со јавна шега на сметка на својата девојка. Тој својата партнерка Кели Гривс одлучи да ја продаде преку eBay, а огласот го повлече кога цената за неговата девојка надмина износ од неверојатни 70.000 фунти.

Меѓутоа, уште поинтересни се деталните информации за „производот“ кои беа составен дел од огласот на Дејл. Имено, Ликс во описот напиша дека е апсоултно видливо дека робата е користена, а наведува и дека производот е „за делови“ и дека „не работи“.

Исто така, потенцијалните купувачи тој ги предупреди дека неговата девојка „произведува константна бука“.

Наведе и дека „каросериски е прилично сочувана, но дека веќе покажува знаци на истрошеност“, пред да напише дека „задниот дел малку пропушта, но не е ништо што не може да се поправи“.

Меѓутоа, неговата шега излезе од контрола кога почнал да прима пораки од луѓе од цел свет, пренесува Mirror.

Овој оглас набрзо стана вирален хит и достигна 81.000 прегледи за еден ден, што привлече повеќе од стотина понуди од кои најголемата беше дури 70.200 фунти.

Дејл, кој живее во британски Есекс, беше опсипан со стотици пораки од потенцијални купувачи кои на шега го прашуваа дали производот може да се земе „на проба“ и колку „претходни сопственици“ имала девојката.