Home Вебкафе Дечињата на првиот ден во градинка ги пречека танчерка на шипка (видео)

Дечињата на првиот ден во градинка ги пречека танчерка на шипка (видео)

Директорката на градинката во кинескиот град Шенжен,Лаи Ронг, експресно беше избркана од работнотно место поради организирањето на скандалозен дочек на децата и нивните родители по повод почетокот на новата учебна година.

Околу 500 деца на возраст од три до шест години и нивните родители во градинката биле забавувани од страна на „егзотична танчерка“. Девојката започна да се врти околу шипката, додека пак родителите, со неверување за тоа што го гледаат, им ги покриваа очите на своите деца и започнаа да ја напуштаат „претставата“.

„Немав лоша намера. Танчерката само требаше да направи добра атмосфера за првиот ден во градинката. Сега сфаќам дека мојата одлука не била добро промислена и се каам поради тоа“, изјавила директорката на градинката која се правдала дека ангажирала и џез музичари и група која што изведува традиционален кинески танц.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Меѓу светлината на рефлекторите и темнината на болеста: Емилија Кларк како симбол на храброст

МЕЃУ СВЕТЛИНАТА НА РЕФЛЕКТОРИТЕ И ТЕМНИНАТА НА БОЛЕСТА: ЕМИЛИЈА КЛАРК КАКО СИМБОЛ НА ХРАБР…