Де Брујн: Заслужувам да бидам избран за најдобар, не може да ме споредувате со Салах!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Бријн важи за еден од најголемите фаворити да биде избран за Играч на годината во Премиер лигата, а и самиот смета дека ја заслужува наградата.

Негов најголем конкурент за наградата е напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, а двајцата утре ќе играат еден против друг во четвртфиналето од ЛШ.

„Ако ја добијам наградата, тоа би било убаво и за тимот и за мене. На еден начин верувам дека ја заслужувам, бидејќи бев многу конзистентен во својата форма. Искрено, не очекував дека ќе бидам толку добар оваа сезона. Задоволен сум што успеав да го задржам високото ниво на толку многу натпревари, изјави Де Брујн, кој смета дека не може да биде споредуван со Салах.

„Не можете да споредите, невозможно е. Како се бираат играчите? Секој има свое мислење и зависи од тоа што луѓето бараат од играчот. Салах има неверојатен учинок и игра многу добро во улогата на напаѓач. Оваа сезона беше фантастична. Но, како ќе не споредите според статистиката? Тоа е сосема поинаку. Против Евертон имав дефанзивна улога во средината на теренот, а тоа не можете да го споредите со некој напаѓач“, објасни Де Брујн.