Home Спорт Давитков потврди: Се враќа во Кувајт

Давитков потврди: Се враќа во Кувајт

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков по пауза од седум години, повторно ќе работи во Кувајт.

Давитков преку својот Фејсбук профил објави дека во новата 2018 година ќе работи во Кадсиа. Тоа е екипа која нашиот стручњак ја водеше од 2008 до 2011 година, период во кој освои пет значајни титули.

„Нова година – нов клуб… или можеби стар. Кадсиа Кувајт повторно по седум години“, напиша македонскиот селектор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…