Дали знаете што им се случува на американските знамиња на Месечината? (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фотографиите направени од лунарниот орбитер на НАСА, во 2012 година, покажуваат дека пет од шесте американски знамиња на Месечината и понатаму стојат исправено, но научниците велат дека тие по повеќедецениската изложеност на сончевите зраци и радијацијата, целосно ја изгубиле бојата.

Ултравиолетовото зрачење на Сонцето предизвикува бледеење на текстилот дури и на Земјата, а бидејќи на Месечината, покрај на сончевите зраци, американските знамиња се изложени на високото ниво на радијација, научникот Пол Спудис смета дека некои од нив веќе се дезинтегрирале.

„Америка се откажа од истражувањата на Месечината и знамињата поставени таму избледеа. Зарем тоа не е иронично?“, се прашува Спудис во текстот објавен во магазинот „ Smithsonian Air&Space“.

НАСА, во последната деценија, работ на тоа космонаутите да може да ги испраќа во далечната вселена, но се откажа од лунарната програма.

Меѓутоа, милијардерот Илон Маск, планира наредната година, со уште двајца вселенски туристи, да се упати кон Месечината. Исто така, во моментов, пет тимови се натпреваруваат за наградата „Гугл Лунар X прајз“, во обидот да испратат на површината на Месечината робот кој ќе може на Земјата да испрати слики со висока резолуција.

Наградата изнесува четири милиони долари.

Можеби некој од нив ќе ги сними и знамињата, за конечно да биде откриено што навистина се случило со славните знамиња.