Дали сте знаеле дека Фолксваген произведува колбаси?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И тоа не е нешто ново. Автомобилскиот гигант произведува колбаси со нивниот знак уште од 1973 година и по бројот на произведени парчиња го надминуваат и бројот на произведени автомобили од нивната производствена линија.

Фолксваген во 2019 направил и продал 6.8 милиони популарни кари колбаси а годишната продажба пред неколку години изнесувала околу 7 милиони парчиња.

Од друга страна, германскиот автомобилски гигант минатата година изработил 6.2 милиони возила, што е примарна дејност на оваа компанија.

Фолксваген произведува кари колбаси веќе 47 години. На почетокот ги користеле само за исхрана на работниците во фабриките на оваа компанија, а денес се достапни и во продавници ширум Германија.

Локалните продавачи на Фолксваген ги поклонуваат на муштериите, а германскиот произведувач за нив има и каталошки број, како автомобилските делови кои ги изработува – во каталогот за компоненти се водат под ознака 199 398 500 А.

Колбасите се прават главно од свинско месо, кое во фабриката во Волфсбург пристигнува три пати неделно.

„Нашите кари колбаси содржат само 20% маснотии, додека во другите обично има околу 35%“, истакнува со гордост главниот месар Франко Ло Прести, кој ги прави колбасите во Фолксваген од 1979.

Во склад со новите трендови, Фолксваген во својата понуда неодамна вклучил и вегански колбаси.