Дали ова е новата Лада? Протекоа слики кои одушевуваат (фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Информацијата не е нова, за наследникот на „неуништливата“ Лада Нива односно Лада 4х4, која AvtoVAZ се уште ја произведува, често се слушаат новости. Но сега со голема брзина се шири нова скица на овој автомобил. А може и да заклучиме дека одлично изгледа.

Наследникот на легендата би требало да се појави наредната година

Новата Лада би требало да се појави следната година, но нема премногу информации во јавност. Оние кои имаат повеќе информации тврдат дека ќе биде користена Дастер платформа.

Дали ќе се оствари во голема мера прикажаното на рендерот, останува да видиме откако ќе излезат официјални информации. А за излегувањето на модернизираниот модел на Лада Нива, кружат информации дека сигурно ќе се појави во иднина.