Дали Маск да „лапне“ 2,6 милијарди долари – Норвежаните велат НЕ, мнозинството ДА


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Договорот за огромна исплата на надомест главниот извршен директор на Tesla, Илон Маск, беше позитивно гласан и одобрен од страна на акционерите во компанијата. Со тоа се дава можност Маск да добие надомест од 2,6 милијарди долари.

Ова се смета за највисоката договорена сума за исплата врз база на акции во корпоративната историја на САД.

Маск ќе ја добие платата само ако Tesla ги исполни зацртаните цели, како продажбата и вредноста на акциите.

Гласањето на одборот на акционери се сметаше за голем тест на доверба и поддршка за Маск и неговата кадарност да ја води компанијата за производство на автомобили што моментално работи со загуба и се мачи да ги постигне производствените цели.

Некои големи акционери рекоа дека ќе го поддржат предлогот, но истакнати консалтинг групи велат дека сумата е премногу висока. Во овие вториве се вбројува Норвешкиот фонд, кој располага со богатство од еден трилион долари, кој е сопственик на о,48 проценти акции во Tesla, вредни 252 милиони долари. Тие сметаат дека оваа сума е превисока и се залагаат за помали плати на менаџерите во компаниите каде што се тие инвеститори.

Маск, кој поседува една петтина од компанијата за електрични возила, не учествуваше во гласањето.