Дали е ова лоша проценка – Зидан ги шокира фановите со оваа одлука!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најголемата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо нема да биде на располагање на тренерот Зинедин Зидан за вечерашниот натпревар против Депортиво Ла Коруња.

„Кралскиот“ клуб вечерва гостува на „Ријазор“ и ќе биде значително ослабен бидејќи во составот нема да ги има Роналдо, но ни плејмејкерот Тони Крос, на кои Зидан им даде слободни денови да се одморат.

Зидан проценил дека Роналдо и Крос му се повеќе потребни за саботниот дуел на „Сантиаго Бернабеу“ каде гостува Валенсија.

Покрај овие двајца вечерашниот дуел ќе го пропушти и Герет Бејл, кој се повреди на мечот со Барса, а значително ослабена ќе биде и одбраната на „кралевите“ каде сигурно ќе отсуствуваат Пепе и Серхио Рамос, кој заработи црвен картон на „Ел Класико“.

Одлуката на Зидан да ги изостави Роналдо и Крос ги шокираше фановите бидејќи „кралевите“ после поразот од Барселона немаат право на кикс.