Дали е можно озлогласениот сериски убиец Џек Мевосек да бил жена?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најновата и последна теорија која се занимава со идентитетот на фамозниот сериски убиец од крајот на 19-от век кој во Лондон сеел страв, вели дека зад „маската“ на грозоморот се криела жена.

Ниту една теорија за идентитетот на убиецот кој ја вадел утробата на убиените проститутки во Лондон, никогаш не е потврдена.

Сега се појави и теорија за помошничка на докторот, која мразела проститутки, бидејќи таа самата не можела да има деца.

Првата жртва на Мевосек била проститутката Мери Ен Николс во 1888 година, за потоа да убие уште четири жени.

Историчарот Џон Морис ја објави книгата „Женска рака“ во која ја претставува теоријата дека злогласниот убиец, всушност е жена.

„Ја извадила материцата на дури четири жени од пет“ – наведува Морис во книгата.

Вистинското име на Џек Мевосек, според теоријата на Морис е Лизи Вилијамс, која била медицинска сестра.

„Вилијамс не можела да има деца. Се верува дека ги мразела протитутките бидејќи лесно можеле да затруднат“ – смета авторот.