Дали Баерн повторно ќе шокира: Анчелоти му ја краде најголемата желба на Мурињо?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако веќе со месеци се пишува дека Манчестер Јунајтед води во оваа трка, сега во истата се вклучија и Баварците, а кога ќе се случи тоа, сите знаеме како генерално завршуваат таквите ситуации.

Чисто за пример, Ренато Санчез минатата година со месеци веќе беше гледан во дресот на Јунајтед, а тогаш Баерн како гром од ведро небо го реализираше и финишираше неговиот трансфер.

Според најновите информации, Карло Анчелоти го пикирал Гризман како приоритетна мета, што не е чудно бидејќи му треба друг напаѓач кој ќе игра зад Роберт Левандовски.

Томас Милер не е на свое ниво оваа сезона, а Тијаго Алкантар неретко ја игра таа „десетка“ во формацијата 4-2-3-1, што не е негова природна позиција.

Ако Анчелоти намирисал дека Гризман е идеално решение за него, знаеме како ќе реагира Баерн, особено ако Италијанецот до крајот на сезоната им донесе и некој трофеј и ја оправда довербата.