Home Вебкафе Дали ајкулите можат да насетат капка човечка крв – видео од 21 милион прегледи

Дали ајкулите можат да насетат капка човечка крв – видео од 21 милион прегледи

Бившиот инжинер од НАСА и актуелен „Јутјубер“, Марк Робер, на својот ЈуТјуб канал завчера објави видео по повод неделата на ајкулите кое стана вистински вирален хит и за само помалку од три дена собра над 21 милион прегледи.

Марк Робер е Јутјубер со 7,8 милиони претплатници и реши да провери дали ајкулите може да почуствуваат една капка човечка крв во морето. Тој на настанот на Дискавери направи експеримент во океанските води на Бахамите. Во водата најпрвин истурил различни течности како рибино масло, урина и крв од крава.

Најпрвин ниту една од течностите не го привлекла вниманието на ајкулите, но по 20-тина минути тие почнале да ја чувствуваат крвта и да се собираат на местото каде што била истурена.

На крајот на експериментот било утврдено дека четири ајкули биле привлечени од рибиното масло, дури 41 ајкула тргнале по крвта, а ниту една не пливала кон местото каде што била истурена урината. Робер отишол уште еден чекор понапред.

Во водата капнал сопствена крв , но толку мало количество не привлекло ниту една ајкула. Робер до своите претплатници упатил порака да не се плашат доколку се изгребат во море. Ајкулата за неколку капки крв нема да тргне по нив.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаевте дека старееме во три фази? Нова студија открива: сè се менува на 34, 60 и 78 години!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ВСУШНОСТ СТАРЕЕМЕ ВО ТРИ ФАЗИ? НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ВЕЛИ: КЛУЧНИТЕ ПРЕСВРТИ С…