Дакота прави чуда со задникот во Fifty Shades Freed


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Во третото продолжение од трилогијата за Анастасија Стил и Кристијан Греј, таа се мажи за Греј, истовремено наоѓајќи нова работа и останува бремена. И тоа е доволно да се открие, за да не им ја уништиме филмската приказна на оние кои се обожаватели на овој игран серијал, а не го гледале третиот дел.

Поради тоа ќе се префрлиме директно на она за кое сте кликнале повеќето од вас – какви „чуда“ прави Дакота Џонсон во ова продолжение со својот жежок задник.

Не, не е она што мислите. Дакота напорно работела нејзиното тело, а со тоа и задникот, да бидат во совршена форма на големото платно.

„За мојот изглед најзаслужна е диетата, па во деновите кога имав закажано снимања без облека, избегнував шеќер и храна која предизвикува подуеност и поради која се чувствувате тешко и летаргично. Многу трчав. Имавме и приколка со теретана, во која одев на паузите за ручек или помеѓу снимањата, што сепак беше ретко, бидејќи ме има во речиси секоја сцена, па постојано снимав. Не сум утрински тип, па затоа не доаѓаше во предвид вежбање рано наутро. Вежбав за време на ручекот, а тоа беа кардио вежби и вежби за специфични мускули. Не знам како се викаат, но главно многу работев вежби со својот задник“, вели Џонсон за Elle.com.

Додаде дека во одржувањето на формата имала помош од нутриционисти и луѓе кои се бават со спорт, а во викендите одела на јавање, кое било забрането за време на снимањето.

Дакота додава дека нема омилена секс сцена од филмот, но има најомразена и таа е токму од третото продолжение. Станува збор за сцената во коај виси со врзани очи.

„Без оглед натоа колку и да знаете дека станува збор за филмска, режирана сцена и дека сте безбедни и заштитени, сетилата ви се скратени. Кога не гледате ништо и не можете да се одбраните, вашиот мозок почнува да паничи. Тоа не можете да го контролирате. Телото ме издаде и доживеав напади на паника“, објаснува младата актерска ѕвезда.