Daily Telegraph ќе го исплати највисокото обештетување за клевета во Австралија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Австралискиот таблоид Daily Telegraph на оскаровецот и холивудска актерска ѕвезда, Џефри Раш, треба да му ја исплати највисоката сума за обештетување досега досудена во Австралија во висина од над 2 милиони долари.

Џефри Раш беше наклеветен дека сексуално нападнал колешка, по што тој во Сиднеј го тужеше тамблоидот Daily Telegraph. Минатиот месец судот одлучи дека 67-годишниот Раш бил лажно наклеветен во текстовите објавени во 2017 и досуди исплата од 850.000 обештетување кое медиумот беше обврзан да му го исплати на актерот.

Раш и сопругата го напуштаат судот во Сиднеј

Вчера сиднејскиот суд дополнително му додели на актерот 1,96 милиони долари за камата и отштета за загуба при заработувачката во минатото и во иднината , поради текстовите што го нарушиле неговиот углед.

Обештетувањето од 2,8 милиони австралиски долари, која треба да го исплати таблоидот, е најголема сума во историјата на земјата.

Раш го тужеше Daily Telegraph во 2017 за клевета поради текстовите во кои се наведува дека сексуалнио нападнал помлада колешка за време на изведбата на претставата „Кралот Лир“ во Сиднеј во 2015 и 2016 година. Таблоидот најави дека ќе се жали на пресудата.