Home Спорт Даглас Коста го налути Јуве: Дали со ова си ја отвори излезната врата?

Даглас Коста го налути Јуве: Дали со ова си ја отвори излезната врата?

Даглас Коста пред неколку дена имаше сообраќајна незгода, за среќа помина без повреда, но ќе мора да отсуствува од терените десетина дена.

Тоа не му пречеше да се појави на роденденската забава на ѕвездата на ПСЖ, неговиот сонародник, Нејмар, кој во Париз го прослави 27-от роденден со гламуразна забава.

Даглас Коста очигледно не можел да го одбие повикот од Нејмар, но тоа многу ги налути челниците на Јувентус. „Бјанконерите “го осудуваат таквото однесување и како што се наведува го предупредиле Бразилецот да внимава во иднина.

Ова не е единствениот „испад“ на Даглас Коста оваа сезона, па раководството сериозно размсува да го продаде на крајот на сезоната.

За неговиот потпис силен интерес покажуваат двата клува од Манчестер, кои се спремни да платат 60 милиони фунти.

Бразилецот поради пристигнувањето на Кристиано Роналдо игра се помалку, па се чини дека е блиску од излезната врата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…