„Чудото од седум милји“ – сурферски рај и една од најопасните плажи на светот


Роналдо нека се пази, Мароко гази - 19 ден ↓↓↓



„Seven Mile Miracle“ („Чудото од седум милји“) е комплекс песочни плажи лоцирани на северниот дел од хавајскиот остров Оаху. Овој песочен крајокеански предел, како што можете да претпоставите од неговото име, се простира на должина од седум милји односно 11,2 километри.

За многумина сурфери ова е едно од најважните места за сурфање, а тие го нарекуваат и сурферски рај.

Причината за тоа се крие во исклучително моќните бранови кои за многу кратко можат да пораснат од половина метар до пет метри висина.

Поради високите и нестабилни бранови, северниот брег на островот Оаху се смети и за една од најопасните плажи на светот.

Опасноста од давење и повреди во водата е многу голема. Спасувачите секој ден спасуваат околу 30 лица, а годишно дури и до 1.000 лица.