Home Вебкафе Човек пред очите од туристите се самоуби на најопасната туристичка патека (видео)

Човек пред очите од туристите се самоуби на најопасната туристичка патека (видео)

Несаканиот инцидент кој се случи за време на адреналинската прошетка по една од најопасните туристички патеки на светот ги остави во шок и неверување туристите кои во тој момент се најдоа на самото место кога еден од туристите ја откачи безбедносната опрема од себе и се самоуби скокајќи во огромната провалија под нив.

Кинеската планина Хуашан е позната по атракцијата наречена „најопасното шетање“ кое што се состои од чекорење по патека од даски широка едвај половина метар, со помош на алпинистичка опрема, низ вертикална карпа во која што се поставени безбедносни сајли.

Еден од туристите е снимен од безбедносните камери како свесно ја откачува опремата и скока во бездната длабока 2 илјади метри.

Инцидентот се случил на 24-ти јули, а локалните власти објавија дека отвориле истрага за необичното самоубиство. Кинеските власти одбиле да го откријат идентитетот на лицето кое што си го одзеде животот во јавност додека истрагата трае.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…