Валверде потврди: Имаме потреба од играч за врска!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде ја даде првата пресконференција за новата сезона.

Барселона утре рано наутро игра пријателски натпревар против Тотенхем во САД.

„Јасно е дека во средината загубивме многу важен играч како Паулињо. Играчите кои што дојдоа и тие кои ги имавме се со сличен профил. Ќе се обидеме да направиме што е можно најсилен состав, но треба да имаме предвид дека веќе сме без Иниеста“, изјави Валверде.

Запрашан за тоа каков профил на играч има потреба, Валверде одговори:

„Не зависи само од мене, туку и од клубот, од пазарот. Имаме потреба од играч за врска кој ќе знае да го игра нашиот стил. Ни требаат фудбалери кои ќе одговараат на нашиот стил“, истакна Валверде, кој на крајот потенцираше дека оваа сезона очекува многу од Дембеле.

„Очекуваме ова да е сезоната на Дембеле. Тој е неверојатен фудбалер и може многу да ни даде. Минатата сезона немаше среќа со повредите, се надеваме дека оваа сезона ќе биде се во ред“.