Home Актуелно Четврток со сонце и облаци

Четврток со сонце и облаци

Овој мартовски четврток времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и постудено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне и поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 5 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне претежно облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Од пладне облачноста ќе се намалува и во текот на денот ќе биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени. Маврово 2, Охрид и Битола 7, Крива Паланка и Берово 5, Кавадарци 10, Дојран 11.

Утре и во деновите од викендот ќе преовладува стабилно и суво време со пораст на дневната температура. Нови врнежи од дожд, а на планините од снег се очекуваат во понеделник.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…