Home Актуелно Четврток со сончево претпладне и нестабилно попладне

Четврток со сончево претпладне и нестабилно попладне

Единаесеттиот ден од месец август во Македонија претпладне носи сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 29 Целзиусови степени, Маврово 21, Охрид 27, Битола 28, Крива Паланка и Берово 25, Кавадарци 32, Дојран 34.

Утре времето ќе биде променливо облачно, во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Дневните температури ќе се движат од 20 до 31 степен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…