Home Актуелно Четири суспектни случаи за делта-сојот во Тетово – пациентите се проверуваат дали се носители на оваа варијанта

Четири суспектни случаи за делта-сојот во Тетово – пациентите се проверуваат дали се носители на оваа варијанта

Во Тетово се лоцирани четири случаи на позитивни пациенти на коронавирусот кои треба да се секвенцираат, бидејќи врз основа на скринингот се суспектни на јужноафриканскиот сој на ковид-19, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Информацијата ја добил утрово од академик Александар Димовски од Центарот за генетско инженерство и биотехнологија „Ѓорѓи Ефремов“ при МАНУ.

„Тоа значи дека, ете, има и други соеви во земјава. Пристапот е ист, детална епидемиолошка анкета, скрининг, анализа. Утрово разговарав и со лабораторијата во Институтот за јавно здравје и со лабораторијата во приватната болница и нема податоци за нови случаи со делта сој“, кажа Филипче на настан за отворањето на Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка од Црвен крст.

Во земјава има 156 активни случаи на ковид-19, и веќе десетина потврдени случаи на делта сојот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…