Home Актуелно Четири објекти зафатени од голем пожар кај „Чаирчанка“ попладнево

Четири објекти зафатени од голем пожар кај „Чаирчанка“ попладнево

Голем пожар во кој беа зафатени четири објекти избувна попладнево во близина на Чаирчанка, објави ТВ21.

Според информациите на репортерот на ТВ21 од лице место, зафатени се 4 објекти, за среќа нема повредени лица. Од МВР потврдуваат дека зафатени се 4 објекти и на истите се интервенира со 8 противпожарни возила.

– На 25.05.2021 околу 17 часот известени сме дека избил пожар кој до овој момент има зафатено два дуќани – сервиси за велосипеди и мотори, една куќа и чајџилница. Повредени лица како последица на пожарот до овој момент нема. Во моментов сè уште се гасне пожарот од страна на БППЗ кои интервенираат со 8 возила – истакнале од МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…