Home Актуелно Четири лица повредени по излетување на македонски автобус во Србија

Четири лица повредени по излетување на македонски автобус во Србија

На автопатот Белград – Ниш во близина на алексиначкото село Катул, утринава се случи сообраќајна несреќа во која се повредени четворица.

Причините за несреќата се утврдуваат, откако автобус на транспортната фирма Транспродукт кој сообраќал на линијата Скопје – Белград излетал од автопатот.

Екипите на итната помош четворицата повредени ги пренела во нишкиот Клинички центар.

Според неофицијалнтие информации на лекување е задржан возачот на автобусот кому најверојатно му се слошило во текот на возењето, што довело до несреќата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…