Четири клучни совети за подобри односи со партнерот

love

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Единствената личност која го познава вашето тело сте вие самите, и само вие можете да му кажете на партнерот што ви годи, а што не.

За да не би морале повеќе да глумите и лесно би постигнале оргазам, ви нудиме совети од експерти кои во тоа ќе ви помогнат.

1. Испитните материјали прво проучете ги самите, а дури потоа почнете да учите со колегата

Кога велиме испитни материјали, мислиме на вашето тело, а кога велиме колега, мислиме на вашиот партнер, или секс играчката. Метафората на страна, што повеќе сте во допир со своето тело, полесно ќе воочите што ве пали, а тоа ќе:

Ви помогне секогаш да дојдете до среќен крај

Му помогне на некој друг вас да ве доведе до среќен крај

Ќе ви помогне да откриете што сакате, а што не, за лесно да одберете нова играчка со која ќе се почестите откако ќе го положите овој испит

2. Разговарајте. Ако сте доволно зрели за секс, доволно сте зрели за разговор за сексот

Сигурно тоа сте го слушнале претходно, но повторувањето сепак е мајка на знаењето.Живееме во 2022. година опкружени со сексот. Кондоми или вибратори гордо стојат на полиците во дрогериите, а вие и натаму молчите пред партнерот кога ќе се отворат скокотливи прашања како мастурбација или омилена поза?

Единствена личност која го познава вашето тело сте вие самите, и само вие на партнерот можете да му кажете што ви годи, а што не. Ако не разговарате со партнерот, единствен виновник за сите оргазми кои сте ги пропуштиле сте токму вие самите.

3. Заборавете на црно или бело. Сексот доаѓа во илјада нијанси

Оргазмот не доаѓа во една величина која им годи на сите, како нит оние панталони кои ги рекламираат на телевизија, тука сите се согласуваме. Како што веќе споменавме, разговорот за сексот е исклучително важен, но треба да се запамети дека на што и одговара на една личност, не мора и најчесто нема да им одговара на сите. Што тоа конкретно значи? Разговарајте и разменете искуства, но и натаму најголем фокус нека лежи во практичниот пристап. Истражувајте, се сомневаме дека тешко ќе ви падне.

4. Опуштете се, се работи за сексот, не за квантна физика

Што и да правите, како и да правите, правете затоа што сакате и како сакате. Отворениот ум и празната глава се најдобар рецепт за квалитетен оргазам.