Home Спорт Червар: Никогаш не сум преговарал со Хрватска!

Червар: Никогаш не сум преговарал со Хрватска!

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар категорично ги отфрли сите шпекуации дека ќе се врати во Хрватска за да стане селекторт на „коцкестите“.

„Јас на свои 66 години да му се нудам некому, да и се нудам на Хрватска? Па, тоа би било срамота. Јасно е дека со сите медали кои ги имам освоено дека некој таму ме сака. Но јас сум во Македонија веќе осум години. На оние кои мечитуваат не треба ништо да им објаснувам. Никој не може да ми го одземе правото да ја сакам мојата прват татковина Хрватска и мојата втора татковина Македонија, тука е мојот втор дом“.

„Логично е некако моето име да се поврзува со Хрватска, но категорчно тврдам дека не сум имал никаков официјалн разговор со никој од таму за да станам селектор. Јас ги почитувам клубот Металург и сосптвеникот Минчо Јорданов кој е „виновник“ што дојдов во Македонија. Го почитувам и Живко Мукаетов, претседателот на РФМ, од кого добивам голема поддршка. Не би разговарал со Хрватска, а претходно да не сум разговарал со мојот клуб и со РФМ“,истакна Червар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…