Home Спорт Челзи тргнува по ѕвездата на Фиорентина!

Челзи тргнува по ѕвездата на Фиорентина!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Антонио Конте по секоја цена сака да го донесе крилниот фудбалер на Фиорентина и италијански репрезентативец, Федерико Бернардески.

Медиумите тврдат дека Конте веќе го контактрал играчот кој сака да се пресели во Челзи и ќе инсистира до управата да му дозволи трансфер на „Стенфорд Бриџ“.

22-годишниот фудбалер е еден од најталентираните италијански фудбалери и идеално би се вклопил во системот на Конте со оглед на фактот што може да игра и на десната и на левата страна во формација од 3-4-3.

Сепак, за Фиорентина да се согласи на негова продажба „сините“ ќе треба да кешираат најмалку 25 милиони евра, а интерес за играчот покажуваат уште Милан, Интер и Јувентус.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…