Чави: Само ТОЈ може да ја засили Барса!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот плејмејкер на Барселона, Чави Ернандез го посочи Филипе Кутињо како најдобар играч за врска во овој момент и истакна дека Бразилецот е еден од ретките фудбалери кои можат да ја засилат Барса.

„Нема подобар играч за врска од Кутињо во фудбалска Европа во овој момент, а тоа значи и во светот. Секогаш покажувал големи квалитети, но сега под водство на Клоп доби константност и тоа е навистина феноменално. Кутињо се наоѓа во идеалниот клуб за да продолжи со развивањето, а исто така го има и најдобриот тренер за тоа“, истакна Чави.

Веќе подолго време медиумите тврдат дека Кутињо е главна трансфер цел на Барселона, а Чави само го „аминуваше“ изборот на својот поранешен клуб.

„Со оглед на тоа како игра, нормално е што неговото име се поврзува со други големи тимови, но моја препорака е да се концетрира на играта и да ги игнорира сите шпекулации. Го велам тоа бидејќи сметам дека Ливерпул има сериозни шанси да ја освои титулата оваа сезона со него во тимот. Сепак, нема многу играчи во светот кои можат да ја засилат Барселона, но повеќе од јасно е дека Кутињо е еден од тие ретките. Тој технички е феноменален и перфектно би се вклопил во системот на Барселона“, заклучи Чави.