Партитура за менуети оригинално напишана од музичкиот гениј Волфганг Амадеус Моцарт кога имал 16 години, и која била дел од колекцијата ракописи на австрискиот писател Штефан Цвајг, на аукција во Париз беше продадена за сума од 372.500 евра, речиси двојно повеќе од почетната цена. Композицијата со два завршени менуета за оркестар, првично била проценета меѓу 150.000 и 200.000 евра. Компонирана …