Кинескиот парламент ќе расправа за воведување закон за семејно воспитување кој ќе предвидува казнување родители доколку нивните деца се однесуваат „многу лошо“ или извршат криминални дела. Предлог-законот за унапредување на семејното воспитување предвидува дека ако обвинителството најде форми на многу лошо или криминално однесување кај детето, неговите старатели ќе добијат опомена и обврска да поминат низ програми за семејно воспитување. …