Актуелно

Улогата на британските шпиони во едно од најкрвавите масовни убиства во 20-от век

Неодамна декласифицираните документи откриваат дека британски шпиони одиграле важна улога во масакрите кои биле извршени врз комунистите во Индонезија во 60-тите години, буцкајќи и локално население и армиски генерали да го ампутираат „комунистичкиот канцер“.

Бруталното справување на индонезиската армија со членовите и симпатизерите на тамошната комунистичка партија се смета за еден од најкрвавите масовни убиства во 20-от век во кој биле убиени и заклани меѓу 500.000 и три милиони луѓе.

Декласифицирани документи на Форин офис кои ги видел Гардијан покажуваат дека Британија има путер на глава иако со децении негираше какво било свое учество во настаните. Документите покажуваат дека Британците го одиграле својот дел преку црна пропаганда чија мета бил претседателот Сукарно, на сметка за идејата за Малајска федерација кој повторно би ги обединила поранешните британски колонии.

Тензиите меѓу армијата и КПИ растеле уште од почетокот на 60-тите, со претседателот во средина кој се обидувал да наоѓа баланс меѓу ривалските страни. Армискиот масакр врз комунистите започнува со неуспешниот пуч во војската во 1965 година, во кој имало симпатизери на Сукарно.

Неколу месеци претходно, тим од специјалисти на Форин офисот веќе се во Сингапур каде го сместуваат својот пропаганден штаб. Неуспешниот пуч само им помага да го зголемат влијанието врз таргетираната анти- комунистичка публика и индонезиски воени лица.

Пропагандата се изведувала преку весник на индонезиски јазик кој бил претставуван како дело на индонезиската имиграција но комплетно бил производ на британските специјалисти. За една година, отпечатиле 28.000 копии од гадостите против Сукарно и комунистите а имале и радио станица која зрачела во индонезискиот етер.

На самиот почеток на масакрите, во весникот објавуваат повик „КПИ и сите комунистички организации да бидат елиминирани“ тврдејќи дека Индонезија ќе биде во опасност сè додека комунистите се во игра и не бидат жестоко казнети.

Сукарно паѓа и бива уапсен в во 1967 година. Умира три години подоцна во домашен притвор. На негово место доаѓа генералот Сухарто кој е на чело на земјата сè до 1998 година, со целосна економска и политичка поддршка од Запад.

Во 2004 година, Амнести го прогласува Сухарто за најкорумпираниот политичар во модерната историја кој за време на неговото владеење има дрпнато меѓу 15 и 35 милијарди долари.

Документи за Индонезија кои беа декласифицирани во САД во 2017 година, покажуваа дека и Вашингтон, не само што знаел туку пружал и „активна поддршка“ во настаните.

Извор: ОффНет

To Top