ФБИ нуди награда од 1 милион долари за информации кои ќе доведат до апсење на наводниот лидер на транснационална организирана криминална група, која делува во Канада и САД. Сатиндерџит Синг, кој е бараниот за наводни таргетирани убиства, изнудување и дистрибуција на дрога, е последната личност додадена на листата на десетте најбарани бегалци на ФБИ.