Светски познатиот српски режисер, Емир Кустурица, својот најнов документарен филм го посвети на животот и делот од најскромниот претседател на светот, бившиот прв човек на Уругвај, Хосе Мухика. Новото документарно филмско остварување на Кустурица премиерно беше прикажано изминатиов викенд, на 47. издание на ФЕСТ во Белград. Документарецот „Пепе, еден возвишен живот“ ја следи животната и политичка приказна на најскромниот претседател …