Netflix го смени крајот на љубовната драма „The Notebook“ – корисниците разочарани


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Корисниците на Netflix останаа разочарани бидејќи популарниот сервис го промени крајот на култниот романтичен филм „The Notebook“. На многумина не им е јасно за што станува збор.

Романтичната приказна која ги следи Ноа и Ели, кои се заљубуваат во 1940-те години, позната е по својот срцепарателен крај, но Netflix направи измена во овие кадри.

Во првичната верзија од љубовната драма, остарените Ноа и Ели се прегрнуваат во кревет, додека Ели успева да се сети на Ноа, а потоа заедно умираат прегрнати.

Меѓутоа, на крајот од филмот прикажан на Netflix никој не умира, а трогателната сцена е заменета со кадар од птици кои летаат над езерски води.

Иако голем број филмски обожаватели на оваа љубовна драма изразија лично разочарување преку социјалните мрежи за ваквата интервенција, од Netflix не се огласија со објаснување зошто направиле измена во крајот од филмот.