Денес, во Куманово, на 71-годишна возраст, почина археологот Јовица Станковски од Куманово, соопштија членови на неговото семејство и колегите од НУ Музеј Куманово. Станковски е познат во македонската јавност како археолог, кој го промовираше и истражуваше Кокино. Роден е на 13 јануари 1949 година во Куманово, дипломирал на Машинскиот факултет, а во 1986 и на Историја на уметност со археологија. …