Fisker Ocean – новиот ривал на Tesla


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот електричен „ѕвер“ на четири тркала, „Fisker Ocean“, кој вчера беше промовиран во Лос Анџелес, има капацитет да измине 482 километри со полна батерија а во продажните салони ќе се најде во 2021.

Хенрик Фискер, кој во 2011 се прослави со атрактивната хибридна спортска лимузина „Karma“, по банкротот се врати во играта во 2017. Овој пат со идеја да развие возило на целосно електричен погон, по двегодишна работа настанал новиот електричен „SUV“,„Fisker Ocean“.

Како што се наведува, кога следната година ќе почне да се продава, овој автомобил ќе биде ривал на Тесла Модел „Y“, кој ќе започне со производство во 2020, но и на електричниот Mustang од Ford, кој дебитираше кон крајот на 2019.

Електричната енергија кај овој автомобил се складира во батерија со капацитет од околу 80 kWh, која на овој автомобил му овозможува автономија од околу 482 км, пред да се испразни.

Повеќе технички детали за сега не се соопштени, па не е познато колку време ќе биде потребно да се наполни оваа батерија.

Тоа што за сигурно се знае е дека овој автомобил ќе биде доста брз и од 0 до 60 милји на час (0-96км/ч) забрзува за само 2,9 секунди .

Купувачите ќе можат да бираат помеѓу модел со погон на 2 или на сите 4 тркала.

Како што е најавено овој електричен „SUV“ ќе пристигне во продажните салони кон крајот на 2021 година, а основната верзија би требало да чини околу 37.499 долари.