На лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, која е закажана за овој вторник, 12 мај, СДСМ ќе го предложи 14 јуни како датум за предвремените парламентарни избори. На вчерашниот состанок заклучиле дека треба да се искористи периодот на олабавување на мерките и да се одржат предвремените избори. Не инсистираат категорично на овој датум, оставаат простор за договор со опозицијата, но …