Home Актуелно СДСМ е за брзи избори на 14 јуни

СДСМ е за брзи избори на 14 јуни

На лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, која е закажана за овој вторник, 12 мај, СДСМ ќе го предложи 14 јуни како датум за предвремените парламентарни избори.

На вчерашниот состанок заклучиле дека треба да се искористи периодот на олабавување на мерките и да се одржат предвремените избори. Не инсистираат категорично на овој датум, оставаат простор за договор со опозицијата, но не после јуни.

Извори од партијата велат дека, лидерите ќе се најдат негде на средината и најверојатниот датум за избори ќе биде 28 јуни. Од ВМРО ДПМНЕ деновиве предлагаа избори во средината на јули.За СДСМ нема логика рестораните и кафулињата да се отворат, а да нема избори. Целиот процес би се одвивал со сите здравствени препораки.

Коалиционите партнери од БЕСА денеска не беа на средбата, но се поканети на лидерската средба кај претседателот Пендаровски, каде ќе го кажат својот став. ДУИ денеска го повторија ставот дека имаат два критериуми за одржување на изборите. Тоа се- Комисијата за заразни болести да каже дека таков процес нема да го загрози здравјето на граѓаните и вториот – ОБСЕ/ОДИХР да констатира дека можат да ги следат изборите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…