ноември 25, 2026

Таратур

  • Најнови вести
  • Живот и здравје
  • Љубов и секс
  • Мода и убавина
  • Шоубизнис
  • Вебкафе
    • Актуелно
    • Наука и техонологија
    • Мајтап
    • Убавините на Македонија
  • Рецепти
  • Казино игри
    • Рулет
    • Блекџек
  • LOVEGURU.MK
Home Актуелно (Страна 1540)

Актуелно

Над сто сајтови од Велес агитираат во корист на Трамп и прават пари со тоа

Од A V
13:38, 04 ноември
во :  Актуелно

Ова е вест на милениумот, Вашите молитви се услишени, се насловите на текст од WorldPoliticus.com, во кој се цитира анонимен извор од американската агенција ФБИ кој тврди дека Хилари Клинтон во 2017 година ќе биде обвинета за кривични дела поврзани со скандалот со нејзиниот мејл. Оваа вест, која нема никакви веродостојни извори, генерирала 140 илјади споделувања, реакции и коментари помеѓу …

Прочитај повеќе

Македонка си ја убила својата мајка во австралиски Бризбејн (видео)

Од A V
13:28, 04 ноември
во :  Актуелно

За громорозно убиство на нејзината мајка се сомничи дваесетгодишната Симона Зафировска од Бризбејн Австралија. Симона, која има македонско потекло ќе биде изнесена пред суд, откако полицијата го пронашла телото на нејзината мајка Радица Зафировска на вториот кат од семејната куќа. Симона јавила за случајот во полициската станица, а додека траела истрагата и властите го пребарувале нејзиниот дом таа била во …

Прочитај повеќе

ОБСЕ ја започна мониторинг мисијата за претстојните предвремени избори

Од A V
08:39, 04 ноември
во :  Актуелно

Во мисијата на ОБСЕ ќе бидат вклучени 20 долгорочни и 300 краткорочни набљудувачи. Организацијата ќе врши и мониторинг на известувањето на медиумите, а конечниот извештај ќе го објави на почетоткот на следната година. ОБСЕ/ОДИХР ја започна набљудувачката мисија за предвремените парламентарни избори на 11 декември. На покана на Владата денеска е отворена канцеларијата на ОБСЕ во Скопје, составена од тим …

Прочитај повеќе

Награди за најдобри општествено одговорни практики

Од A V
08:37, 04 ноември
во :  Актуелно

Во организација на Министерството за економија и на националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата (КТООП) денеска ќе се додели Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија. Целта на наградата е да промовираат позитивни практики на општествено одговорно делување и да даде инспирација за воведување и натамошно унапредување на општествената одговорност кај претпријатијата. Годинава беа пријавени 38 проекти. Националната награда се доделува деветта година по ред, а во изминатиот период …

Прочитај повеќе

Иницијативи за акциски групи согласно EU LEADER за адаптација на земјоделството

Од A V
08:31, 04 ноември
во :  Актуелно

Четири иницијативи за формирање на Локални акциски групи креирани во согласност со EU LEADER пристапот ќе бидат денеска промовирани во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени. Овие приватни – јавни партнерства опфаќаат партнери од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во 17 општини од Источниот и Југоисточниот регион. Обраќања на настанот ќе имаат Директорот на …

Прочитај повеќе

Тмурен и сив петок

Од A V
08:24, 04 ноември
во :  Актуелно

Бранот врнежи од четврток навечер ќе продолжи во петок рано наутро со тоа што ќе се преместува од северната половина на земјата кон југ. Претпладне врнежите ќе бида уште малку застапени во јужната половина од земјата, а потоа ќе престанат. Попладне облачноста значително ќе се намали. Котлините очекуваат максимална температура која ќе има вредност помеѓу 14°С и 18°С, на југот …

Прочитај повеќе

Lear со нова фабрика за производство на автомобилска кожа и платно во Тетово

Од A V
17:15, 03 ноември
во :  Актуелно

Lear Corporation денес отвори нова фабрика за автомобилска кожа и платно во Тетово, Македонија, за производство на навлаки за автомобилски седишта и сродни производи. Новоизградената фабрика ќе ја замени времената локација што Lear ја најави во мај, 2015 година и што на почетокот обезбеди работни места за околу 300 лица, наменета за сечење и шиење на кожа и платно. На …

Прочитај повеќе

Еразмус Плус 2014-2016 претставена во Тетово

Од A V
17:09, 03 ноември
во :  Актуелно

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска во просториите на агенцијата за подршка на претприемништвото ЕСА во Тетово ја претстави програмата Еразмус плус 2014-2020 со која се обезбедува поддршка во образованието,  младите и спортот. Програмата претставува комбинација од седум европски програми, програми за обука и млади и за првпат во својата структура го додава спортот, а цели кон …

Прочитај повеќе

МВР ќе поднесе неколку прекршочни против Диме Спасов

Од A V
17:01, 03 ноември
во :  Актуелно

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави денеска дека неколку прекршочни пријави ќе бидат поднесени против дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов. Според него, биле преземени сите мерки за состојбите и причините за сообраќајната несреќа во која учествуваше Спасов и биле прибавени сите докази, иако имало попречувања во увидот. Било утврдено, како што посочи Спасовски, дека …

Прочитај повеќе

Богов: Предвидуваме раст на македонската економија од 2,3% за оваа година

Од A V
16:36, 03 ноември
во :  Актуелно

Народната банка соопшти денеска дека растот на македонската економија оваа година ќе изнесува 2,3 проценти. Гувернерот на НБРМ, Димитар Боговна денешната прес конференција изјави и дека во периодот 2016-2018 година се очекува закрепнување на економскиот раст и во наредната година да достигне 3,5 проценти, а во 2018 година 3,7 проценти. Според него, се очекува по изборите состојбите да се нормализираат …

Прочитај повеќе
1...1.5391.5401.541...1.550Страна 1.540 од 1.550

Кожените ракавици повторно во мода: топол и елегантен додаток за зимските денови

4 часа

Кожените ракавици и во 2026 година се меѓу омилените зимски додатоци. Од класични црни до кафеави и бордо модели, тие ги штитат рацете од студот и внесуваат елеганција во секојдневните комбинации.

Роб Лоу откри зошто во врската со Мелиса Гилберт се чувствувал како „вистински рогоносец“

4 часа

Која е Изабел Мачадо, долгогодишната девојка на Кристофер Брајни?

5 часа

Плетенки со поинаков изглед: пет идеи за впечатлива и елегантна фризура

5 часа

Тајсон Фјури во нов документарец открива дека му била дијагностицирана шизофренија

6 часа

„Либерти екс“ и „Хирсеј“ ја откажаа заедничката турнеја за 2027 година поради слаба продажба на билети

7 часа

Крзнените јаки повторно во мода: зимски капути со доза ретро гламур

7 часа

Хила Клајн се повлекува од „Х3 подкаст“ додека се разведува од Итан

8 часа

Џенифер Лоренс со шеговита објава одговори на гласините за операција на очните капаци

8 часа

Вечерва се избира Мис Универзум 2026: Кога почнува финалето и каде ќе се пренесува

9 часа

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри не е дозволено физичко лице да учествува во странски игри на среќа, во кои влоговите се уплаќаат на територијата на Македонија.


© Copyright 2025, Taratur.com