Европратеници повикаа за замрзнување на преговорите за членство на Турција во Европската унија со образложение дека кампањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган против противниците означува дека Анкара не ги исполнува демократските критериуми на Унијата. Гласањето за тој предлог се очекува утре да помине без проблеми имајќи предвид поддршка од парламентарците, но парламентот има ограничено влијание врз прашањето, јавуваат западни медиуми. …