Home Актуелно Со пет жалби до Апелација СЈО ги обжали одлуките на Кривичен за мерките притвор во Тврдина и Таргет

Со пет жалби до Апелација СЈО ги обжали одлуките на Кривичен за мерките притвор во Тврдина и Таргет

СЈО попладнево поднесе 5 жалби до Апелациониот суд за одбиените мерки на скопскиот Кривичен суд во случајот Тврдина и Таргет. Од тимот на Јанева се жалат на одлуките на Кривичниот суд за неопределување мерка притвор за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, за началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, за шефот на кабинетот на министераката Гордана Јанкуловска, Тони Јакимовски, како и за лицата Н.Б. и Н.Н.

Апелациониот суд има рок од 48 часа да одлучи за приговорите за притвор и тоа може да ги укине решенијата, да ги преиначи или да ги врати на повторно одлучување.

Претходно од СЈО соопштија дека се обжалени 6 решенија за притвор, и тоа за две лица во предметот Тендери и за по едно лице во предметите ТНТ, Тотал, Триста и Траекторија, односно за екс министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, за градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, за новинарот и бизнисмен, Драган Павловиќ Латас, и за помошник министерот во МВР, Ѓоко Поповски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…