Четириесетгодишен мотоциклист Г.И. од Битола го загуби животот во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во месноста „Стрелиште“ на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Арон Ароести“ во Битола. Како што соопшти СВР Битола, несреќата се случила кога директно се судриле патничко моторно возило „фолксваген-голф“ и мотоцикл „хонда“. Во директниот судир на местото на настанот животот го загубил мотоциклистот Г.И. …