Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Четириесетгодишен мотоциклист Г.И. од Битола го загуби животот во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во месноста „Стрелиште“ на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Арон Ароести“ во Битола.
Како што соопшти СВР Битола, несреќата се случила кога директно се судриле патничко моторно возило „фолксваген-голф“ и мотоцикл „хонда“.
Во директниот судир на местото на настанот животот го загубил мотоциклистот Г.И. од Битола, а смртта ја констатира увидна екипа на Итната медицинска помош. Сообраќајната несреќа е регистрирана од СВР Битола и јавен обвинител кој поведе истрага, изјави за МИА Лефтерија Миленковска, портпарол на СВР-Битола.