
Според претходните медиумски објави, Кристина потекнува од Нови Сад, се занимава со манекенство и се појавувала во музички спотови. За разлика од својот партнер, таа не сака да биде во центарот на јавното внимание и ретко се појавува во медиумите.
Војаж и претходно зборувал за тоа колку му е важно семејството. Младиот музичар не ја криел желбата да стане татко, а сега, се чини, ужива во животот за кој порано зборувал. Иако и натаму внимателно ја чува семејната приватност, фотографиите со Кристина покажуваат дека е подготвен понекогаш да сподели и по некој личен момент со своите следбеници.
Извор: Story.rs