Бускетс посочи кои играчи за врска ќе бидат најдобри во светот!


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Ѕвездата на Барселона, Серхио Бускетс смета дека Фребки де Јонг и Фабиан Руиз во иднина ќе бидат најдобрите играчи за врска во светот.

Бускетс игра задно со Де Јонг во Барселона, додека со Руиз ја дели соблекувалната во националниот тим.

„И двајцата се исклучително квалитетни фудбалери. Тие се сегашноста и иднината. На Френки ќе му биде потребно уште малку време за да навикне на стилот на Барса“, истакна Бускетс.

„Убеден сум дека Де Јонг и Фабиан Руиз ќе станат најдобрите играчи за врска во иднина. Неверојатни се“, додаде искусниот Шпанец.

Фабиан Руиз ова лето беше на мета на Реал Мадрид, но Наполи не сака да слушне за негова продажба.