Home Спорт Бунт во Реал: Модриќ, Бејл и Крос го условувале Зидан да не го игра Роналдо

Бунт во Реал: Модриќ, Бејл и Крос го условувале Зидан да не го игра Роналдо

Иако ремито на Реал против Атлетико (1:1) не му наштети на кралскиот клуб, бидејќи истата вечер Барса потфрли кај Малага на гости, шпанските медиуми денес пренесуваат информација дека во соблекувалната на Реал дошло до побуна.

Во очи на дербито, Лука Модриќ, Герет Бејл и Тони Крос барале од тренерот Зидан да не го вбројува во екипата Кристијано Роналдо, пренсува Дон Балон.

Триото сметало дека тој не е во задоволителна форма, но францускиот експерт не ги послуша за тоа.

Португалецот не одигра натпревар за паметење, па ова секако не се добри вести за навивачите на Реал, бидејќи нивниот клуб влегува во најважниот дел од сезоната, а споменатите немири и тоа како можат да се одразат на резултатите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…