Бујната Ешли Греам „необработена“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славната „плус-сајз“ манекенка Ешли Греам, во рамки на последната маркетиншка кампања за брендот „Swimsuits for All“ пласираше целосно необработени свои фотографии.

Новата промотивна кампања Греам ја работеше на плажите во Мајами, а кога забележа дека папараците ја следат во чекор, дојде на идеја да ги искористи нивните фотографии.

„Оваа кампања е поразлична од сето она кое што сум го работела во текот на мојата кариера. Необработените фотографии ќе ја потсетат секоја жена дека е совршена на свој начин и дека има сјајно тело кое е спремно за на плажа. Се надевам дека овие фотографии ќе ги поттикнат жените да се чувствуваат среќно и да имаат самодоверба во своја кожа, уживајќи во моментите без оглед на тоа дали некој ги посматра или не“, изјави Ешли.

Кампањата и симболично беше наречена „Power of Paparazzi“.