Home Наука и техонологија Bugatti Baby II: Електричен автомобил за деца од луксузниот автомобилски бренд

Bugatti Baby II: Електричен автомобил за деца од луксузниот автомобилски бренд

По повод 110-от роденден од постоењето на компанијата, автомобилскиот гигант Bugatti лансираше атрактивен ретро електричен автомобил Type 35 наменет за деца.

Bugatti Type 35 е славен тркачки автомобил, кој сега доби мини верзија под името Bugatti Baby II . Автомобилот има електричен погон, мод за возење за деца и возрасни, а неговата продажна цена ќе биде 30.000 евра. Bugatti Baby беше промовиран на автомобилскиот саем во Женева.

Големината на овој автомобил изнесува точно како три четвртини од оригиналот. Во внатрешноста има мотор, што го напојуваат литиум-јонски батерии.

Може да се вози во две варијанти – за деца со максимална брзина до 20 км/час и за возрасни со брзина ограничена на 45км/час.

Сериското производство на овие автомобили ќе започне на есен, а ќе бидат произведени само 500 примероци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…