Бугарска работа!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бугарите разбрале дека како дел од пакетот мерки за помош на бегалците од Украина, бугарската влада им овозможила на украинските бегалци своите автомобили бесплатно да ги паркираат каде сакаат низ Бугарија, на обележени паркинзи.

По оваа информација Бугарите почнале да крадат украински таблици за да го искористат истото олеснување.

„Регистрациите на возилата постојано се крадат. Во прво време не ни беше јасно што е работата. Излезе дека возилата со украински таблици можат бесплатно да паркираат. Бугарите ги земаат украинските таблици и ги ставаат на своите возила за да не паркираат. Потоа ги фрлаат регистрациите,“ изјавила Украинката Светлана од Харков, моментално сместена во Сончев брег.

Жената исто така се пожалил дека бугарската полиција не е нешто посебно потресена околу проблемот, и дека Украинците треба да нарачуваат дупликат таблици од Украина.

До сега има над 6,6 милиони бегалци од Украина, од кои неполни 98.000 се во Бугарија.