Бугарија побара Камчев да биде нивни почесен конзул во Македонија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бугарската амбасада во Република Македонија преку вербална нота која ја испратила до ресорното министерство, бара согласност од македонското Министерство за надворешни работи Јордан Камчев да биде именуван за почесен конзул на Република Бугарија со седиште во Штип.

Вербалната нота од Бугарската амбасада во Скопје била испратена на 13 април, а во Министерството за надворешни работи била заверена во архива на 17 април.

Амбасадата на Република Бугарија достави предлог за г-динот Орце Камчев да биде назначен за почесен конзул на Бугарија во Република Македонија. Следи вообичаена законска процедура за донесување одлука по овој предлог.

Ова во кусо соопштение го објави македонското Министерство за надворешни работи по објавените информации дека бугарската држава сака да го назначи македонскиот бизнисмен Камчев за нејзин почесен конзул во Македонија.