Сонце, мала облачност и топло време


Топ 10 најголеми фудбалски дербија


Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер.

Попладне во источните делови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Дневната температура ќе се движи од 18 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 23 степени.

Во следните три дена времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Услови за локални слаби врнежи од дожд ќе има во првите два дена од следната недела.